петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Кривична пријава за охриѓанец- во неговиот дом полицијата пронашла куршуми различен калибар

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38 годишен жител од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа повеќе куршуми различен калибар кои, нелегално ги поседувал.

извор: СВР Охрид