АктуелноОхрид

Божиновски: Охрид секогаш гостопримлив и љубезен домаќин на голем број екселенции, меѓу кои и Н.Е. Невена Јовановиќ – амбасадор на Србија во Македонија

Концерт на афирмираниот виолинист виртуозот Немања Радуловиќ заедно со ансамблот „Дабл сенс” на Српската вечер ,,Корени” во рамките на фестивалот „Охридско лето” на сцената „Долни Сарај”.
Охрид секогаш гостопримлив и љубезен домаќин на голем број екселенции, меѓу кои и Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадор на Србија во Македонија, како и вљубеници во музиката и културата кои беа искрено почестени со извонредниот концерт особено со изведбата на македонската песна ,,Македонско девојче”.
Уникатна енергија и искреност, возбудлива виртуозност, длабочина на изразот, авантуристички пристап, аранжмани на традиционална и модерна музика во еден вид музичко патешествие околу светот, стилизација на традиционални песни на повеќе народи, преку мелодии од други делови на Европа, па сѐ до оние најдалечните во Светот.
Ансамблот „Double Sens” како камерен оркестар го соединува пријателството и тие како едно семејство ја делат љубовта и желбата да музицираат заедно на сцената, напиша на својот ФБ профил заменик градоначалникот Перчо Божиновски.

извор: ФБ Перчо Божиновски