АктуелноОхрид

СВР Охрид изрече казни за 15 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол и 72 кои возеле со брзина поголема од дозволената

На 09.07.2023 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале и од сообраќај исклучиле 15 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол и 72 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Струга – 41, Кичево – 29 и Дебар – 02).

извор: СВР Охрид