АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Египќаните од Охрид се домаќини на претставници на нивните сонародници од Косово и Албанија – остварија средба и со градоначалникот Пецаков

По повод денот на балканските египѓани, египќаните од Охрид се домаќини на претставници на нивните сонародници од Косово  и Албанија.  Тие предмалку остварија средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. На средбата беа присутни Елберт Красниќи, Фридом Лала, Ривелина Чуло, Фазди Столај, Берким Незири, претстваници од египќаните од Косово и Албанија.

На средбата градоначалникот Пецаков ги запозна со унапредувањето на положбата на египќаните во последните десеттина години, но ги информираше и дека екипќаните успешно се изборија да излезат од маргините на општеството каде што беа, и дека сега се вклучени во сите текови на општествениот живот и дека работат во Јавни претпријатија, но и во приватни компании.

Пецаков се осврна и на процесот на образование на египќаните во кои локалната инвестира средства преку стипендии за талентирани и надарени ученици. Градоначалникот гостите ги запозна со политичката состојба во градот, каде египќаните се неодминлив фактор преку нивниот советник Арбен Демироски Бено и додаде дека многу активно учествуваат во носењето како на политичките така и на правните одлуки.

На состаникот се продискутура за положбата на египќаните во Албанија и Косово, каде бројот на оваа заедница е далеку поголем споредбено со Македонија и Охрид, но беше кажано дека нивната положба таму е далеку полоша. Беше кажано дека египќаните во Албанија се во фаза на формирање на политички субјект и дека според пописот ги има околу 12 000, а според нивните пресметки нивниот броој во Албанија надминува околу 200 000, а најмногу живеат во Берат, Корча и Валона.

Во Косово пак според пресметките  живеат над 20 000 египќани. Во Косово, за разлика од Албанија ситуацијата е многу подобра. Таму имаат едно гарантирано советничко место и од гласови можат да добијат уште едно, а имаат и пратеник и министер, а денеска и токму тој министерот за локална самоуправа  Елберт Красниќи, е присутен во Охрид.

Министерот Красниќи на градоначалникот му врачи подарок рачна изработка од илирското културно наследство, поточноИлирската божицата Нефрона .

 

извор: Охрид 1