Наш изборНаш ИзборОхрид

Реализирана хуманитарно -социјална донација од ЕУ преку Сојузот на пензионерите на Македонија

Од хуманитарно социјалната помош, добиена како донација од ЕУ преку Сојузот на пензионерите на Македонија  за акцијата „Рурален пензионер“, доделени се 15 пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на членови на Здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебарца и тоа на лица со пониски примања како и лица со посебни потреби од следните месни ограноци: Косел, Лескоец, Велгошти, Рамне, Пештани, Рача, Оровник, долно и горно Лакочереј, Белчишта и Велмеј.

Акцијата претходните неколку денови беше реализирана од активисти на ЗП на општините Охрид и Дебарца и претседателите на месните одбори и граноци на пензионерите.

Сите приматели на оваа хуманитарно-социјална помош изразија огромна благодарност, информираат од комисијата за инфомирање при ЗП Охрид и Дабарца.