АктуелноОхрид

Продолжуваат доделувањата хуманитарна помош за 2023 година од страна на Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца

Здружението на пензионери од општините Охрид и Дебарца согласно програмата за работа и одлуката на ИО продолжи со хуманитарната активност.

По повод Велигденските и Рамазанските празници во 2023 година Здружението на пензионери набави и му предаде на над 100 хуманитарни пакети помош на пензионери кои  се болни, изнемоштени, осамени , или со пониски примања а помошта се состои во давање прехрамбени и хигиенски производи.

Хуманитарните пакети им беа предадени лично на пензионерите со посета на нивните домови на живеење од членови на месните одбори во 21 месен огранок во ЗП и кој беа многу благодрни за личната посета и примената хуманитарна помош од здружението.

Исто така претставнички од активот на пенионерки извршија посета на пензионери и други лица сместени во геријатриското одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, каде им доделија хуманитарна помош.

 

ЗП Охрид и Дебарца

Комисија за информирање