АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Во струшко Подгорци продолжена вековната традиција за Велигден

Жителите на струшко Подгорци, се меѓу ретките православни христијани кои ја негуваат неколкувековната традиција да го слават Велигден со одење „С ’
Крсти“ по синорот на селото Подгорци. Во трите Велигденски денови на Христовото Воскресение, мештаните прво одат во црква по света причесна, а потоа
на гробишта да им оддадат почит на покојните претци, на блиските и пријателите. Задолжително ги посетуваат роднинините и пријателите во селата за да го прослават Велигден.

Вториот ден Велигден (понеделник), сите подгорчани предводени од селскиот свешетеник, Димче Павлески и повозрасните жители кои од дворот на главната
црква СВ. Никола, поворката тргнува по синорот од атарот на селото. Порано на секоја крајна точка од синорот свештеникот ги удирал децата „глава со глава“
за да го запаметат синорот со соседните села Вевчани и Лабуништа со кои селото граничи.
Велигденската поворка предводена од свештеникот, продолжува со обичаите како што се: носење на икона и црковниот Бајрак со Христоса на неколку места
застанува, (кај манастирот „Света Пречиста“, каде се пали свеќа за здравје, потоа пред единствениот манастир во Македонија што го има само во Подгорци
„Свети Јиван Владимир“. Следува задолжително кршење со црвени јајца и мезе и по некој голтка ракија. Заедничко традиционалнао фотографирање.
Поворката продолжува околу селото до светото обележје „Света Петка“ во локалитетот „Лекојта-вода“, со починка и закрепнување. Потоа пред да се вратат во
црквата се посетува излетничкото место викано „Симано“ задолжително кршење со јајца и мезе, (порано на ова место се играле селски игри и натпревари:
тегнење на јаже, фрлање на камен, играње клиса, „солено месо“ и други) а потоа подгорчани се прибираат секој дома за ручек бидејќи тој ден го слават
Вториот ден Велигден и доаѓаат гости од другите села и градови.
Во мојот летопис се споменува дека тој ден младите девојки и момчиња се додворувале (се бендисувале) сред село каде што се и играле народни ора. Првите
вистински љубовни средби младите од селото и селата ги закажувале за Велигден. Додека постарите останувале на трпезата кај своите домаќини, младите
оделе на „рандеву“. На него доведувале и дискретно, но често и јавно „порота“од тетки, вујни, стрини за да кажат дали го бендисуваат нивниот избраник или
да се бара ново чаре. Тие што се бендисале, продолжување со држење за рака. За Велигден бил најреволуционерниот љубовен потег пред венчавката, за што
првиот бакнеж доаѓа дури по размената на прстените. Меѓу подгоречките брачни двојки заедничкиот живот го почнувале токму од „Ориште“ на Велигден.
Оваа традиција во едноумието беше прекината и се одвиваше во ајатите на селската црква „Свети Никола“, но сега постепено масовно се обновува. Со
враќањето на Црквата, верата и обичаите, сигурни сме дека Велигден ќе се слави како некогаш. Тогаш сите биле среќни, радосни и полни со желба за поведар живот, велат старите подгорчани.

 

strugaonline.mk