Наш ИзборНаш изборОхрид

Левица ќе достави налепници за обележување на службените возила во Охрид

Откако Советот на Општина Охрид ја одби иницијативата на Левица да се постават налепници со кои ќе бидат обележани службените возила, нашата советничка Виолета Аврамоска ќе достави испечатени налепници на следната седница на Советот. Со налепниците ќе биде доставена нова иницијатива за обележување на службените возила, при што апелираме советниците и градоначалник Пецаков конечно да го прифатат овој предлог., се вели во соопштението од Левица-Охрид.
Во продолжение го пренесуваме истото во целост:
Обележувањето на службените возила е неопходно, со цел да не се злоупотребуваат службените возила од страна на вработените во општината по завршувањето на работното време.
Со обележување граѓаните ќе имаат увид дали се врши злоупотреба на возилата за приватни цели од страна на функционерите и вработените во Општина Охрид.
Потсетуваме, до Претседателот на Совет, Сашо Донев на 31.10.2022 година му беше доставена Иницијатива за донесување одлука за обележување на охридските службени возила.
извор: Левица-Охрид