Ракометарките на ЖРК Струга 2024 продолжуваат со одличните настапи во првенството. Стружанки забележаа нова победа, овојпат на гостински терен против екипата на ЖРК Атлетик Скопје, совладувајќи ја со резултат 16:21.
Избраничките на струшкиот клуб уште од самиот почеток на натпреварот ја презедоа контролата врз играта, настапувајќи сигурно, организирано и борбено. Со добра тимска игра и ангажман на сите ракометарки, Струга успеа да стигне до заслужена победа.
Од клубот истакнуваат дека посебно значајно е што секоја ракометарка добила можност да придонесе за новиот триумф, потврдувајќи ја тимската сплотеност и квалитетот на екипата.
Со оваа победа, две кола пред крајот на првата полусезона, ЖРК Струга 2024 останува единствена без пораз, продолжувајќи го успешниот првенствен настап.
Резултат:
ЖРК Атлетик Скопје – ЖРК Струга 2024 16:21
Стружанки продолжуваат со победничкото темпо и со јасна цел да ја задржат успешната серија и во преостанатите натпревари од првата полусезона.


















