АктуелноОхрид

Охриѓанец под дејство на алкохол учествувал во сообраќајна незгода

На 14.11.2026 во 14:26 часот на ул.„15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници го лишија од слобода лице на (44) од Охрид.

 

Тој, претходно бил учесник во сообраќајна незгода помеѓу моторно возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки кое го управувал и автомобил „опел“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице на (67) од охридското село Лескоец.

 

При извршено алкотестирање, полициските службеници кај  лицето биле  констатирале 3,05 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај.

 

По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на настанот против лицето  ќе биде поднесена соодветна пријава.