АктуелноОхрид

ВМРО ДПМНЕ ОК Вевчани обвинува дека ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани има незаконски поставен ВД директор

ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани е заложник на неспособен и ненаситен човек.
Криминалната коалиција Дуи/Сдс, дуото Јетон Шаќири и незаконски назначениот директор Жарко Лешоски повторно грубо ги кршат законите.
Вечниот Жарко Лешоски поставен е спротивно на закон за вршител на должноста директор на ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани.
Грубо е прекршен членот 118 ставовите 4 и 5 од Законот за основното образование за што се известени сите надлежни институции.
Жарко Лешоски е нелигитимен и нелегален ВД директор на ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани.
За многу брзо доаѓа денот кога ќе има одговорност за сите кои ги кршат законите!
Ќе се направи ревизија на сите Одлуки и Решенија кои ги има потпишано незаконски именуваниот Жарко Лешоски.
Крајот им се ближи!
-велат во ФБ објавата од страна на ВМРО ДПМНЕ ОК Вевчани.