недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ дел од проектот „Каде се моите стапалки“

Учениците од нашето училиште Филип Атанасов, Михаил Јанески, Мартин Јанески, Никола Ончев, Мелани Тасеска, Кети Јоноска и Марко Попоски, заедно со професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, учествуваат на E twinning проектот „Каде се моите стапалки“ (Where are my footprints). Во овој проект покрај учениците и наставниците од нашето училиште се вклучени наставници и ученици од Грција, Франција, Романија, Казахстан, Турција и Азербејџан.
Целта на овој проект е да ја подигнеме свеста за намалување на емисијата на јаглероден диоксид во околината преку соработката во семејството и училиштата. За таа цел ќе се организираат различни активности како организирање состаноци во училиштето за дизајнирање на различни материјали, лого и постер, организирање на вебинари, спроведување разни активности, кампањи и слично. На почетокот на проектот, се пресмета јаглеродниот отпечаток на секој учесник преку организирање на прашалник. Ајде да видиме каков ќе ни биде резултатот после 3 месеци, информираат од ОЕМУЦ Св. Наум Охридски.
Можно е да е слика од текст