недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Уште една искасана девојка од куче скитник во Струга – само во јануари над 10 лица пријавиле дека биле нападнати од кучиња скитници

Стружанката Нела Стојанова е една од жртвите на бездомните кучиња,физичките рани вели заздравуваат но не и психичките,таа сеуште се бори со стравот и траумите кои ги доживеа, објави Алфа.

– „Јас морам да нагласам дека сум љубител на животни,но навистина мора да се превземе нешто за да се реши оваа хаотична ситуација,животот на луѓето е пред се’ .Затоа апелирам за итно решавање на проблемот со бездомните кучиња, бидејќи никој не заслужува да живее во во страв.“ – Изјави Нела Стојанова.

Официјалните податоци говорат дека само во месец јануари над 10 лица пријавиле во полиција дека биле нападнати од кучиња скитници. Овие фотографии говорат за ужасот никој поминале жртвите,кои едвај спасиле жива глава.

Од општина Струга преку официјалната фејсбук страна најпрвин објавија дека општината отпочнала процедура за третирање на кучињата скитници,со тоа што подготвила проект за прифатилиште за бездомни кучиња, а воедно упатила барање до Владата да им помогне во реализацијата на истиот.Сега пак обзнанија дека ангажирале овластени лица од кумановска ветеринарна клиника да ги заловува кучињата скитници.Но познавачите на приликите велат дека ова не е доволно за надминување на проблемот со бездомните кучиња.

Текстот во целост на: Алфа.