Додека едни критикуваат и ништо не работат, јас и мојот тим сме фокусирани кон исполнување на нашето ветување, а тоа е да не постои образовен и детски објекти каде нема да се инвестира.
Во детската градинка „Јасна Ристеска“ обејкт „Лихнида“ ја променавме дограмата во холовите и економскиот дел во вредност од 451.704,оо денари.
Во детската градонка „Јасна Ристеска“ објект „Билјана“ извршивме промена на подовите во вредност од 469.179,оо денари.
Во ОУ „Св. Наум Охридски“ во Трпејца ги променавме прозорците со цел да ги подобриме условите за одржување настава, а само за потсетување од страна на Министерството за образование беше ветена целосна реконструкција на овај објект, која за жал никако да се реализира.
За тоа кој работи, а кој не, нека сведочат фотографиите од претходно и сега.