АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Благодарницата од Бигорскиот Манастир доволен сведок за нејзините големи дела , Летка Филиповa жена која несебично помага и шири позитива во секоја смисла на зборот

Човек со големи вредности, жена поборник за подобро утре, хуманистка која безрезервно е на браникот на помошта, се со една цел , да ги направи другите среќни, бидејќи така се усреќува и самата таа.

Летка Филиповска, Магистер  по човечки ресурси, несебнично се вложува во помагањето и давањето сила и енергија на сите кои им е потребна. Токму затоа годинава ја доби, сосема заслужено и благодарницата , едно највисоко признание од вековниот Бигорски Манастир за како што пишува на неа, ,,пожртвувано се предаде на труд за нејзиното благолепие и евангелската мисија“

Низ разговорот за Охрид1, таа открива колку се значајни за неа  годинешните награди и признанија кои ги доби, како успева да помогне на сите, како тоа ја прави среќна но и открива детали за годинешната Бадникова поворка која е организатор на настанот.

 

Охрид1:Година на награди, признанија, благодарност. За напоменување се благодарницата  од Бигорскиот манастир за јубилејот на манастирот, а пред извесен период и Свети Климентовата повелба. Што претставуваат овие особености за тебе и кој е поттикот за уште поголемо загање во добротворноста?

Летка: Да, точно добив благодарица од Манастир Свети Јовн Крстител по повод одбележување на 1000 годишнината од манастирот. Оваа година за мене одбележува повеќе успеси покрај благодарници и повелбата на Св.Климент Охридски, птрон на градот. Оваа година ми измина и со завршување на мојот магистерски труд и стекнување на Магистер по човечки ресурси.

Охрид1: Што е она што те исполнува со оглед на бројните мисии кои ги остваруваш во текот на годината?

Летка: За да биде човек добротворен и хуман треба таков и да се роди, но постои можност и добра волја да и во текот на нашиот живот нешто научиме и сакаме да помагаме. Моето најдобро училиште во својот живот досега е Бигорски манастир, а најдобар учител за мене мојот духовник старец и владика Партениј. Од него ги земав сите примери кој гледав како му помага на луѓето а ретки се такви личности во своите тешки времиња каде материјалното го обзема човештвото, многумина заборавија на љубовта и грижата еден на друг. Станавме себични, но има многу луѓе на кои му е потребна помош. Јас моите човечки капацитети ги насочувам претежно кон мојата слабост децата, секогаш изнаоѓам начин да им помогнам на децата без родители, многудетни семејства и болни деца, лица кои се на маргините на општеството, заборавени, етикетирани со негативна прецепција за себе. Мене ова ме прави среќна , ме исполнува, кога ќе направам некој малку среќен јас сум уште посреќна, ги сакам луѓето но ја чувствувам нивната љубов кон мене и искрена благодарност. Затоа ќе продолжам да правам добрини без оглед на тоа дали ќе добијам благодарница или не, тоа го правам самоволно затоа што тоа е внатре во мене и неможам да бидам поинаква. Едноставно Бог ме создал таква и ке продолжам да му служам нему со добри дела.

Охрид1:Неостварена желба?