По завршувањето на Светата Литургија во Соборниот храм „Св. Никола“ во Враништа, беше упатена честитка до ученичката Михаела Милеска за освоеното прво место на Републичкиот натпревар по физика.
Во име на Православна Младина, отец Ристе Наумоски ѝ го честита големиот успех, истакнувајќи дека нејзината посветеност, труд и постигнати резултати претставуваат гордост за семејството, училиштето и целата заедница.
На младата ученичка ѝ беа упатени желби за уште многу успеси, мудрост, здравје и Божји благослов во понатамошното образование и стекнувањето нови знаења.
Присутните ѝ посакаа на Михаела да продолжи по патот на успехот, достојно претставувајќи ја својата средина и инспирирајќи ги младите генерации со своите достигнувања.















