Овој викенд на олимпискиот базен „Так Дафа“ во Драч, Албанија, се одржа 5-тиот интернационален пливачки натпревар „Теута Куп 2026“, во одлична организација на Пливачкиот клуб Теута.
Нашиот клуб имаше успешен настап, при што сите пливачи ги подобрија своите лични резултати.
Честитки и за Лина, Христина, Кирил, Кален, Филип, Калин, Дамир, Филип и Мартин, кои го претставија клубот во одлично светло, а на Анастасија ѝ посакуваме уште многу успеси во иднина.
Благодарност до организаторите за одличната организација и гостопримството.














