На 14.06.2026 година, во Втората недела по Педесетница и на денот кога Светата Црква го празнува споменот на светиот маченик Јустин Философ, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување и го положи камен-темелникот за изградба на нов храм посветен на свети Јован Крстител во с. Кнежино, Кичево.
Со овој свечен чин беше означен почетокот на изградбата на новиот Божји дом, кој ќе претставува духовно прибежиште и место на молитвено собирање за верниот народ од с. Кнежино и околината.
dke.org.mk















