Честитките со кои пораснаа генерации наназад и кои претставуваа најава за најмагичниот период во годината, преку кои се честиташе Новата година и Божиќ се враќаат повторно во тренд. Тоа годинава ќе го направат членовите на Православна младина при Соборниот Храм Св.Никола во село Враништа , струшко.
Како што истакнува Отец Ристе Наумовски ваквата иницијатива дошла преку разговор со децата кои пројавиле интерес за воспоставување на одамнешната пракса, да се честита Новата година преку новогодишна честитка.
-Драги браќа и сестри во Христа Бога при еден разговор со дечињата кои што се членови на Православната Младина и детското хорче , а воедно се редовни учесници на богослужбите ги запрашав дали некој знае за хартиена честитка со која до минатите деведесетти години се честитаа Божиќ и Нова Година (св Василиј). И за чудо на вистината дечињата воопшто не беа запознати со тој начин на честитање(што во моето време беше од огромна радост).Бидејќи ние во нашате активности со најмалите се трудиме што помалку да ги користиме паметните уреди,односно слободното време се учиме и дома и каде да сме да го искористуваме во друштвени игри,молитви,изучување на библиските настани, разни креативни активности (се разбира по завршување на училишните задачи), а со самото тоа ја отфрламе и зависноста од паметните уреди (која за жал зазема се поголем подем кај младата популација) заедно се стремиме едноставно кажано да го црпиме од интернетот само полезното што до сега слава му на Господ има голем успех кај дечињата што ги водам кои редовно се воцрковуваат. И разговорот го продолжив како е убаво да си честитаме со книжна честитка која ќе му биде наменета на тој што ние сакаме да му ја испратиме,и дека таа останува како спомен,а електронските пораки се бришат.Му објаснив дека со нетрпение го чекавме поштарот и со голема радост се чекаше моментот да се прочита нашето име.Тој мој разговор кај дечињата остави нешто што и тие би сакале да го пробаат, да го осетат.За да биде истото реализирано се потрудив со одредени родители( на кои им сум неизмерно благодарен) кои изработија поштенско сандаче и на книжарница Ирис Принт-Струга кои ни направија односно ни донираа честитки.Покрај нашата честитка која секое дете ја добива како подарок истите можат да си изработат и своја.Еден дел од честитките беа поделени денес и истите ќе се ставаат во сандачето кое се наоѓа во црквата, и по завршување на неделните литургии се до празникот св.Василиј-Нова Година, секоја недела сандачето ќе се отвара и ќе се доделуваат честитките за оној до кого се адресирани.И видите сето тоа носи неизмерна радост кај малата верна наша дружина и си нетрпение се чека да дојде наредниот празник. Се молам на Господа Бога умножија и запазија нашава верна младина во нашава парохија и насекаде по светот. Можеби за некој е старомодно но верувајте ефектот на полезност е огромен.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.