Повозрасните охриѓани и денес со носталгија и убави нешта си спомнуваат за локалното Радио Охрид,кое постоеше околу 70 години.Си спомнуват за разновидната програма, локалните вести и настани и убавиот избор на музика од сите жанрови. Долги години па и денес, секое спомнување на Радио Охрид на секој охриѓанец по било кој повод и во било која прилика, им асоцира на женскиот спикерски глас на презентерката Леонора Чекреџи, која беше синоним на радиото.
Таа уште во далечната 1964 година со авизото на познатата охридска песна ,,Билјана платно белеше,, во 14 и 30 часот, во живо во етерот секојдневно ја најавуваше програмата на радиото со зборовите ,,Зборува Радио Охрид,, на ултра кратки бранови од 98,8 мега- херци. Спикерката Леонора Чекреџи својот спикерски работен век во радиото го мина полни 40 години од 1963 до 2003 година.
Радио Охрид почнало со работа 1957 година. Тогашен новинар спикер и диридектор бил писателот Видое Видически а новинари биле Цветан Стефанов, подоцна дописник на Радио Скопје од Охрид и писателот Димче Маленко,професор по македонски јазик во охридската гимназија.Со оглед дека на радиото му требало женски глас, по некоја случајност таа привилегија и припаднала на Леонора Чекреџи.
Како спикерка Леонора Чекреџи била примена без аудиција што е реткост во спикерскиот занает.Имено, Чекреџи пред да стане и официјален женски спикер на Радио Охрид, била ученичка во Охридската гимназија ,,Свети Климент Охридски,,. Била активна во рецитаторско-драмската секција, каде што поседувала големи рецитаторски способности, добро го владеела и изговарала македонскиот литературен јазик, дикцијата, акцентите, интерпукцијата, радиофоничниот и алт гласот кој бил многу приемчив кај секој што ќе ја слушал при нејзините настапипред микрофонот на Радио Охрид, и при разни поводи,приредби,и други значајни фестивали и манифестации во градот.
Тогаш нејзиниот професор по македонски јазик а подоцна познатиот охридски писател Димче Маленко, бил воодушевен од убавиот милозвучен глас и течното изговарање на рецитациите и интерпукциските знакови на Чекреџи. Професорот Маленко воодушевен од нејзините рецитаторски гимназиски настапи, ја поканил Чекреџи, да дојде во Радио Охрид и да проба да чита вести во живо, бидејќи во тоа време програмата на радиото се емитувала во живо. Иако имала позитивна трема и што е нормално за секој почетник во оваа професија особено на нејзините 15-на години, и кога настапува за прв пат, вестите ги прочитала успешно без никаква грешка или пропусти. И така Чекреџи станала спикер на Радио Охрид, а охриѓани цели 40 години, со задоволство го слушале нејзиниот топол, милозвучен кадифен глас. За неа и тогаш а и сега постарите охриѓани што ја слушаа, со задоволство се присетуваат и имаат само позитивни, убави и незаборавни спомени и коментари.
Спикерката Чекреџи во тие години со своите гласовни можности имала предиспозиции да се пробие и во музиката како интерпретатор во народната музика,но за жал немала интерес за тоа.Во организација на Радио Скопје со неговиот народен оркестар, во секој град во Републикава, тоаш се одржувала музичка манифестација под наслов ,,Натпревар на градови,,. На оваа манифестација во Охрид во силна конкуренција и со многу повеќе гласови од другите што настапиле, убедливо победила спикерката Леонора Чекреџи дури подобро испеала од познатиот охридски пејач Кирил Мицкоски. На тој натпревар спикерката Чекреџи ја испеала народната песна ,,Параходот ми пристигна,, . Истата песна ја снимила на магнетофонска лента и повремено се емитувала на брановите на Радио Охрид,која и денес е во архивата на Радио Охрид..
На оваа музичка манифестација како и на фестивалите ,,Охридски староградски средби,, ,,Балканскиот фестивал,, покрај пењето,Чекреџи настапувала и како водителка.Тогаш во улога на водителка била забележана од спикери-водители на Радио Скопје. Во тоа време од спикерите Миле Попов,Александар Алексиев, и било понудено да стане спикер на Радио Скопје кое тогаш било сместено во Долно Нерези. Вестите што и биле дадени како пробен тест биле снимени за да дадат оценка спикерите од радиото, какви спикерски квалитети поседува. На преслушувањето на нејзините пробни настапи била присутна и спикерската двојка на македонската телевизија Бранка Станкоска и Иван Антонов.
По успешниот пробен спикерски настап на Чекреџи, едногласно и без двоумење, од страна на спикерите на радиото и на телевизијата и било понудено да ја вработат како спикер, без некои поголеми проби и тестирања. Нивна констатација била Чекреџи да стане спикер во телевизјата. Предноста за телевизијата не бил само убавиот и течен литературен израз и радиофоничниот глас во етерот, туку и нејзината фотогеничност и привлечност за екран.
И покрај големата упорност на доаените на македонското радио и телевизијата, охридската спикерка Леонора Чекреџи на која и бил понуден и стан во Скопје, но сепак од фамилијарни причини не ја прифатила понудата да се пресели во Скопје и да стане спикер на еден од двата големи државни медиуми радиото или телевизија Скопје, бидејќи нејзиниот син Димитар и ќерката Валентина, биле малолетни а небило сигурно дали нејзинит спопруг Никола ќе се вработи како инспектор.
Интересно е што спикерката Чекреџи во седумдесетите години 18 години била и член на Охридската пејачка група ,,Ахрида,,. За својата 40-годишна спикерска дејност како и членовувањето во многу културно- уметнички друштва, Чекреџи има добиено бројни награди и признанија, и плакети.
Нескромно е ако не се каже во тоа време Чекреџи не дека беше популарна како спикерка на локалното Радио Охрид, таа беше и важеше за пријатна, и културна особа, а може да се рече дека и пленеше со својата убавина, скромност, ведар дух, комункација. Имаше убав стајлинг со изразито црна коса со убава фризура, а стилот на облеката секогаш и беше во тренд на модата, со што секогаш го привлекуваше вниманието кај охриѓани, кои никогаш не остануваа равнодушни со нивните дискретни погледи.
Денес спикерката Чекреџи која наполни 84 години, секојдневието и е исполнето во гледање на телевизија, а постојано ги прати презентерките и водителите на националните телевизии за кои вели дека треба да посветат поголемо внимание на правилното читање, динамиката, гестикулациите и другите презентерски правила на однесување. Но,за жал вели Чекреџи, нема такви работилници или семинари, за изучување и усовршување на спикерскиот занает.
автор: Крсте Спасески