Сеуште ниската совест помеѓу нас доведува до несакани последици. Апсурдно е да се фрлаат запалливи материи или жар од пепел при догорување на домашните печки во пластичните контејнери кои се поставени низ градот.
Ваквата слика се случува речиси цели 12 години, каде несовесно се фрла жарта која сеуште тлее во пепелта и доведува до запалување на пластичните контејнери. Контејнерот ќе изгори постепено односно ќе се стопи но сето тоа доведува до големо загадување со тешко разградливи честички во воздухот кој ние го дишимие. Кратко кажано несовесноста на поединци ја „наплаќаат“ со труење низ воздухот сите.
Жално е што и во 12 години одредени граѓани не успеаа да сфатат дека токму пред нивната зграда контејнерот се пали и топи, заради тоа што фрлаат пепел со жар во контејнерот.