АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Барбара Поповиќ која има охридско потекло не изненади со нова пасна и веќе добива симпатиите од публиката

Македонката, со охридско потекло не изненади со нова пасна која се повеќе го добива симпатиите од публиката.

Барбара својата музичка кариера ја започнала од 6 години. На возраст од 6 до 10 години учествува на реномираниот детски фестивал Супер Ѕвезда со песната „Бонџорно“ напишана од Калиопи и со други песни.На овој фестивал продолжила да настапува до 10 годишна возраст, со други песни напишани од Јован Јованов, Дарко Димитров и Драган Мијалковски.

Од шест годишна возраст го изучувала пијаното во музичкото училиште „Илија Николовски Луј“.

По кратка пауза, се вратила на сцената на Макфест 2018, настапувајќи со песната “Не си ти крив”.

Барбара има добиено повеќе наград и признанија, апсолвент е на соло оперско пеење и има договор со белградската телевизија IDJTV, а соработува и со Дарко Димитров.

Барбара на 8 Септември ќе настапи во Ватикан по повод денот на независноста на Македонија.

Фото: PRTSC