АктуелноОхрид

МИЦКОСКИ СО ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ ОД БРИСЕЛ ЗА ПРЕТЕПАНАТА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД

Screenshot

Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел, каде што престојува во службена посета, се обрати до македонската јавност по повод бруталното претепување на младата девојка во Охрид, случај што ја потресе целата држава.

 

Мицкоски изрази жалење што наместо да зборува за борбата што ја водат за Македонија во Брисел, мора да зборува за немилиот настан во Охрид.

 

Тој изрази поддршка за жртвата и нејзиното семејство и најави дека Владата ќе стори сѐ што е во нејзина надлежност за правниот процес да биде спроведен во најдобар можен ред.

 

 

Правдата за претепаната девојка во Охрид стана прашање што ја мобилизира целата македонска јавност.

 

 

 

📹 Видео: Обраќање на премиерот од Брисел

 

 

Ohrid1.com