Ванчо Костоски во подолго видео интервју кое го даде за „Охрид 1“ за прв пат по 12 години како беше објавена аферата „Списоци за партиски вработувања“ јавно зборува како списоците дојдоа до „Охрид 1“, потоа како се добивале информации за тоа што се дискутира на состаноците со кои во тоа време претседаваше Атанаско Михаилов и како во една прилика кога присутен бил и тогашниот министер Иво Иваноски вестите од состанокот диреткно во живо излегуваа на „Охрид 1“, по што раководството на комитетот во Охрид барало прислушни уреди и слушалки во партиските простории.
„Ние пробавме да се разбереме со нив, но немаше разбирање. Очигледно беше дека имаа само една цел и намера, а тоа е да се уништо ВМРО НП. Од тој момент кога тоа стана јасно се одлучив за таква игра. Ние со нашето разузнавање и како што не дал Господ „разузнавачи од стар ков“ презедовме акции и го направивме тоа. Од наши пријатели во партијата ги добивме списоците и ги дадовме во вашиот медиум да ги објави. Значи јас лично ги добив, и ни овај ни онај, јас лично му ги дадов на сопственикот на медиумот директно“ – вели Ванчо Костоски.
Тој раскажува и како се организирале да им докажат колку се слаби и после десетици објавени состаноци на Општинскиот комитет после еден час од како ќе завршел состанокот, при една посета на која присуствувал и Иво Иваноски, со добра организација на „Охрид 1“ успешно биле објавувани информации практично во живо од тоа што се зборува на состанокот, по што во еден момент присутните сватиле дека некако тоа што се зборува на состанокот стигнува во „Охрид 1“ кој објавувал пишувани вести што се зборува на состанокот, додека состанокот траел.
Ова предизвикало бурни реакции, а според Костоски, тогашниот прв човек на комитетот Атанско Михаилов дури почнал да бара безбедносни проверки на комитетот , за кој се сомневале дека е озвучен и на таков начин шпиониран.
Сите овие „субверзивни“ активности во тоа врме доведоа до длабоки поделби во ВМРО ДПМНЕ Охрид, резултираа со големи „Византиски игри“ и „Лов на вештерки“ кој резултира со дистанцирање од партијата на многу способни кадри, што секако било цел на „разузнавачите од стар ков“ кои со ова го „заматиле“ погледот на реалноста на раководството на комитетот и довеле до трошење енергија на меѓусебни пресметки.
Костоски разкажува и за тоа како ВМРО ДПМНЕ по доаѓањето на власт во Охрид, безуспшено пробале да го избркаат од работа, кога благодарение на неговите лични пријателства со врвот на партијата во Скопје, по ургенција од највисоко ниво, Управниот одбор на ЈП „Охридски Комуналец“ сам во рок од 15 дена ја поништил сопствената одлука за негово бркање од работа и го вратил назад.
„Само им покажав колку сум јак и дека не може да си играат така“ – вели Костоски за овие бруки и себе понижувања кои сами на себе си ги правеле членовите на Управниот одбор и тогашниот естаблишмент во периодот 2013 – 2017 година.
Костоски спомнува и за честитката за Нова Година која од кабинетот на Киро Глигоров ја испратиле до комитетот во Охрид, по што се посомневале дека некој од партијата веројатно комуницирал со кабинетот на Глигоров, кого ВМРО ДПМНЕ во тоа време не го признаваше за Претседател.
„Ја проверив јас архивата и видов дека еден од раководството праќал честитки до кабинетот на Глигоров претходно, па затоа од таму следната година ни вратиле со честитка.“ – кажува Костоски и не го открива името на лицето кое праќало честитки до Глигоров.
ВМРО ДПМНЕ ОСНОВАЛО ВЕСНИК, РАДИО И ЈА ФОРМИРАЛО НТВ
ВМРО ДПМНЕ во тоа време основало локален весник, проработело и радиото „Сонце“, а ја основале и поранешната НТВ.
Костоски раскажува дека преку весникот кој го делеле бесплатно влијаеле на јавното мислење, потоа стартувало радиото „Сонце“ кое работело целосно без дозвола, а на крај ја основале телевизијата НТВ и најмногу се насочиле на неа бидејќи во тоа време за разлика од сега телевизијата била нај јак медиум.
Костоски зборува и за поделбата на ВМРО ДПМНЕ и формриањето на ВМРО НП, како и за претседателските избори 2004 кога според него станало јасно дека има соработка меѓу Никола Груевски и Баранко Црвенкоски.
Тој раскажува и за тоа како после Локалните избори 2005 година се обидел да се договори со ВМРО ДПМНЕ околу коалиција, но и тој обид пропаднал, како и за самите избори во 2005 година.
Погледнете го видео интервјуто со Ванчо Костоски: