Од денес нашето ловиште кое се протега на Славеј Планина и Караорман побогато е и со Европски Елени (Cervus elaphus) во слободна природа. Елените се обезбедуваат од наше сопствено производство т.е. од нашиот репроцентар кој брои околу 220 единки Европски Елен (Cervus elaphus) и околу 140 единки Елен Лопатар (Dama Dama) како и други видови на диви животни.
Елените се опремени со GPS алки за следење на нивното движење, а исто така низ ловиштето се поставени активни камери за нивна безбедност, се вели во објавата на ФБ страната Hunting Piton Karaorman Ohrid.
извор: ФБ Hunting Piton Karaorman Ohrid.
видот: ФБ Hunting Piton Karaorman Ohrid.