сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Корекција на цената на услугите од јавните претпријатија за да се спречи приватизација

Советникот Арбен Демориски Бено на говорницата на советот побара корекција на цените на услугите во јавните претпријатија, пред се во ЈП Водовод и ЈП Охридски Комуналец..
Бено ова го барал уште пред неколку месеци кога дојдоа првите бранови поскапувања на енергијата, а деновиве ситуацијата е уште потешка, бидјеќи горивата се над 100 денари литар, додека индустриската струја е поскапена за над 300%, споредено со периодот во годините кога се дефинирале сегашните цени.Според Демироски, ако не се корегираат цените и не дојде до нивно покачување, советниците свесно ги т уркаат јавните претпријатија во приватизација.
ПРИВАТИЗАЦИЈАТА ЗАГОВАРАНА ВО МИНАТОТО
За приватизација на ЈП Охридски Комуналец и за ЈП Водовод се размислуваше уште пред 15 години, кога дури и се правеа контакти со компании од странство.
Плановите за приватизација беа ставени на страна до сега, кога повторно некои од лоби групите од тоа време почнаа да пласираат идеи дека само приватизација е решение за јавните претпријатија, која би донела и нови цени и отпуштање од работа.