сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Семејството Сулејман заглавено во лавиринт, неможат да си направат фасада на новиот објект поради чадот од монтажно – демонтажен објект до нив

Амерички крофни, Италијанска пица, Лесковачка скара… се ова можа да се најде доколку се рашетате низ Охрид. Не само што никој нема против овие понуди, туку и напротив понуда мора да има за секој гостин и за сечиј вкус. Но, проблемот е колку и дали некои од сопствениците на овие продажни објекти ги исполнуваат условите предвидени во законите.

Сузана Сулејман од Охрид отворено раскажува дека има проблем со сопственик на монтажно – демонтажен објект лоциран на ул. Ванчо Николески, поточно на Кејот Македонија. Сулејман вели дека штотуку на нејзиното земјиште изградиле нова куќа врз основа на уредна градежно техничка документација, останува да се доврши уште фасадата, која за жал доколку се направи  веднаш, уште првата недела на неа ќе се предизвика штета, поточно ќe se залепат масни честички – емисии од чадот кој излегува од непосредно дивопоставениот монтажно – демонтажен објект во кој се обавува  угостителска дејност со подготовка на храна и скара. Таа тврди дека штом  скарата се запали се зачадува се во околината.

Раскажува дека најпрво се обидела да „најдат заеднички јазик“ со сопствениците на објектот, но откако не успеале започнува нејзината голгота правдата да ја бара по министерства и сите надлежни институции.

Ни ја достави целокупната документација и сите дописи кои ги испратилa до надлежните, а преку кои бара инспекциски надзор и тоа до министерството за транспорт и врски како надлежен орган за решавање предмети во управна постапка за старото градско јадро во рамки на опфатот на првата линија покрај брегот на Охридското Езеро, до Oпштинскиот градежен инспекторат,  до општинскиот инспекторат за животна средина со барање да се изврши инспекциски надзор врз субјектот кој обавува дејност и објектот од кој се врши загадување на животната средина и непосредно легално изградените објекти.

Во случајов, општина Охрид не може многу да помогне, затоа што таа е задолжена за поставување на урбана опрема (урбана опрема се поставува на државно земјиште) а во случајов монтажно – демонтажниот објект e поставен на приватно земјиште,  поточно сопственикот на објектот е закупец на градежно земјиште на кое го поставил монтажно – демонтажниот објект.

Значи за да се реши проблемот треба да постапува и одлучува најнапред Mинистертвото за транспорт и врски на РСМ.  Првиот допис до нив од страна на Сулејман било испратено на 8 март 2022 год.


Во истиот се образложува дека монтажно – демонтажен објект не е во функција на објект за семејно домување туку со намена за вршење комерцијална дејност и истиот не ги исполнува условите за легализација на бесправна градба предвидена во Законот за утврдување правен статус на бесправно изграден објект (овој факт се потврдува со правосилното Решение за одбивање на барање за легализација донесено на 14.09.2018 год. Од страна на Mинистерството за транспорт и врски. Во дописот до Mинистертсвоto уште се додава дека подоцна поднесеното барање за легализација пред Mинистерството е поднесено на 28.03.2019 год или после истекот на законскиот рок за поднесување на такво барање (31.12.2018 годд.) .

Засега институциите молчат, а на семејството Сулејман им се нарушени сите планови,проектот фасадирање на објактот е последен со високи материјални трошоци, а набрзо новата фасада ќе биде уништена – оштетена.

Затекнувајќи се во лавиринтот на предвидените постапки и делокругот на надлежностите на институциите Сулејман ги трпи последиците од нелогичната поголема заштита на нелегално поставените објекти, наспроти градежот кој е легално изграден на локација предвидена согласно ДУП за семејно домување.

Дали надлежните конечно ќе им излезат во пресрет на граѓаните, останува да видиме.

извор: Охрид 1

фото: Сузана Сулејман