понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Донев: Преку 150 планови кои ги работела оваа локална самоуправа се потпишани од лица кои немале овластување, сега мора да ги вратиме назад, кој ќе сноси одговорност за ова?

Бурна седница на советот на Општина Охрид. Советниците дискутираат за тоа што сработиле ЈП во во изминатите три месеци. Претседателот на советот на Општина Охрид, Сашо Донев истакна дека оваа локална власт за само шест месеци како е на власт има многу подобрат три месечен извештај поточно подобар за 6.5 % од минатиот извештај во кој минаната власт го привршуваше мандатот и беше четврта година на власт.

„Ако некој седнал и комплетно сработил капитален проект, треба да знае дека шест месеци се најмалку потребни за да се изработи проектна документација, а вие ми читате за три месеци нула капитални инвестиции. Ако бевте чесни и ако знаевте што се капитални инвестиции, ќе ни остаевте некој проект и немаше да губиме време на тендери и проктна документација и ќе го започневме веднаш“, истакна Донев.

Претседателот на советот ги информираше советниците дека за неколку месеци, за прв пат ќе се изработи проект за изградба на фекална канализација во Трпејца и Горно Лакочереј, после 30 години.

„Ниту еден на власт до сега не се нафатила да изработи ваков проект. Ние со овој проект ќе го решиме проблемот со одведувањето на отпадните води. Покрај ова при крај е проект за фекална канализација во Горно Лакочереј. И овој е проект кој 30 години не е изработен, а при крај е и проектот за фекална канализација во Долно Лакочереј. Ако бевте чесни, ќе го прочитавте програмскиот дел и ќе видите дека многу работи се започнати, но потребно е време. За капитални инвестиции потребни се повеќе месеци, како и години“, истакна Донев.

По нападите дека бил најавен , а не е започнато со проект за велосипдската патека, Донев истакна:

„Добро ќе е да му кажите на директорот од централна власт, прво ја искоси тревата, зошто туристи има, тревата е многу висока, а коливе не может да се разминат. А и за велосипедска патека потребна е проктна документација за што е потребно време“, потенцираше претседателот на Советот.

На денешната седница опозицијата напаѓаше зошто не бил донесен ниту еден урбанистички план. Одговорот детално им го даде Донев:

„Во делот на урбанистичките планови, гледам дека веднаш почна да се напаѓа комисијата која е составена пред неколку недели. И сите се прашуваме зошто не бил донесен ниту еден урбанистички план. А, ако ви кажам дека преку 150 планови кои ги работела оваа локална самоуправа се потпишани од лица кои немале овластување да се потпишат, ќе треба во идниов период да разговараме дека преку 150 планови претходно започнати ќе треба да се вратат назад во постапката за одибрување. Ова значи дека не само шо немаме при крај урбанистички планови туку ќе ги вратиме назад и сите кои претходно биле започнати. кој ќе сноси одговорност за тоа? Колку пари се потрошени за тендери за проектирање на тие планови? А сега не известија дека тие планови се потпишани од лица кои немале овластувања. За ова очекувам извештај од новата комисија за што ќе разговараме заедно сите советници и тие кои го направиле оа ќе си сносат последици, бидејќи овие планови треба да почнат да се реализираат од почеток и не сакам следните седници на совет да слушам дека не бил донесен ниту еден урбанистички план. Покрај тоа имаме комисија за УНЕСКО која не знам како дава согласнот во Струга да градат згради П + 5, а во Охрид на граѓаните по сто пати им се враќаат предметите за да доградат еден спрат на куќата, а да не разговарам за давање на согчасност за поголеми урбанистички планови во добробит имаа и граѓаните и општина Охрид. И за ова ќе треба да разговараме во иднина затоа што некаде се градат здради, а ние разговараме дали треба да ги легализираме куќите во Елашани или Горно Лакочереј кои луѓето ги граделе пред 30 години и не се знае дали конечно ќе земат имотен лист или не.
Во делот на реализацијата можам да кажам дека кога ќе го погледнеме програмскиот дел ќе ни стане јасно дека многу работи се веќе започнати со постапки и многу појасно ќе ни стани со следниот извештај“, истакна Донев.