вторник, ноември 26, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Левица по сите точки гласа воздржано – дали е крај на коалицијата ? !

По скоро еден цел месец објавување соопштенија во кои се критикува локалната власт ( чиј дел барем до денес беше Левица ) по се изгледа дека дојде крајот на коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и Левица.

 

 

Како што веќе објавивме денес советничката од Левица не седна во клупите на мнозинството туку седна во редовите каде седат советниците од опозицијата, а по сите точки на дневниот ред гласаше воздржано.

 

 

Денес од говорницата критики на адреса на советничката упати и Сашо Донев, кој е Претседател на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, и ова е прв пат оваа партија со умерен тон јавно да ја критикува работата на делови од коалицијата која владее со градот.

 

 

КАКВО МНОЗИНСТВО ИМА ВЛАСТА ? !

 

 

Во коалиција со ВМРО ДПМНЕ очигледно е дека е советникот Арбен Демироски Бено, но тука има и други советници, кои засега барем неофицијално се во корелација со градоначалникот и владејачката ВМРО ДПМНЕ.

 

 

Неофицијално зад Пецаков и мнозинството предводено од Сашо Донев стојат дури и советници од редовите на СДСМ.