петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Извидници од 23 европски земји чистеа oтпад од охридското крајбрежје

Околу 80 извидници од 23 европски земји, во заедничка акција со Чист Охрид денеска, еден ден по Меѓународниот ден на планетата Земја го исчистија просторот околу Извидничкиот центар, реката Коселска и плажите во околината, објавија на својот ФБ профил од Чист Охрид.

-Во акцијата беа собрани најмалку 50 вреќи ѓубре, односно најмногу отпад од пластични шишиња, кеси, марамчиња, стакло, но и телевизор и пластични столови.
За време на акцијата, пред извидниците и активистите говор одржа Katerina Vasileska од Охрид SOS за значењето и состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро.
Упатуваме апел до сите граѓани, да ја чуваме нашата околина и постојано да работиме за подобрување на животната средина. Честит Денот на планетата Земја!