петок, март 29, 2024
АктуелноОхрид

Целосно е локализиран пожарот над струшката населба Елен Камен

Целосно е локализиран пожарот над струшката населба Елен Камен, кој вчера попладне избувна во шумата на патот кон селото Радожда.

Повеќе од 24 часа на терен беа екипи на Територијалната против пожарна единица од Струга.

– Наши екипи беа на терен, работеа на локализирање на пожарот, а заврна и малку дожд, кој помогна во целосно ликвидирање, изјави за МИА командирот на ТППЕ – Струга, Фети Мазари.

Огнените јазици предизвикаа паника кај жителите од викенд населбата Елен Камен, поради проширување кон куќите. Силниот ветер дополнително ја отежнуваше работата на пожарникарите и ги ширеше пламените јазици.