АктуелноОхрид

(ФОТО) Екипите на ЈП „Водовод“ неуморно работат – жителите мора да добијат вода за Велигден

Екипи на ЈП Водовод сеуште не на терен.  Се поправа дефектот на пред зградата на ЕВН.

Од ЈП ги  известуваат корисниците од улиците : „Македонски Просветители“, „Дејан Војвода“ и „Бул.туристичка“ дека по завршување со санацијата на дефектот на улицата „Дејан Војвода“ во 16:00 часот и при пуштање на водата, настана нов дефект на улицата „Македонски Просветители“.
Повторно е пукната цевка со профил ф100 (салонит). Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид неуморно работат веќе 14 часа и ќе продолжат и во текот на ноќта се до целосно завршување со санацијата и нормализирање на водоснабдувањето во центарот на градот.

Инаку не е за изненадување ваков проблем во Охрид. Со децении ништо не е инвестирано во обнова на водоводната мрежа. И покрај желбата на новата локална власт сега ЈП да инвестираат и обноват се,  ЈП ВОДОВОД дополнително финансиски е погоден од поскапената електрична енергија , изминативе месеци имаат месечните сметки за стуја над 7 милиони.  А помош од владата и покрај апелите од ЗЕЛС  засега нема.