Ако денот се познава по утрото, а туристичката сезона по Велигденските празници, Охрид годинава ќе има успешна туристичка сезона. Охрид полн за Велигден. Туристите кои одлучија продолжениот викенд да го поминат во Балканскиот Ерусалим уживаат во прошетките покрај кејот ,верските храмови и стариот дел од градот. Рестораните и кафетериите се преполни со гости, а не изостануваат ни крстарењата со брод во водите на Охридското езеро.
Голем број верници Христовото Воскресение ќе го дочекаат во некои од духовните светилишта во градот.