Египќаните од Охрид вечерва приредија Ифтарска вечера на која присуствуваа припадници на оваа етничка заедница како и гости од јавниот и политичкиот живот.
Присутен беше градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, првиот човек на Советот Сашо Донев, потоа директорите на јавните претпријатија како и дел од советниците во Советот на општина Охрид.
Пригодно обраќање имаше Аџи Бајрам.
На вечерата присуствуваа над 200 луѓе, а спонзори на овој Ифтар се Рубин Земон, Арбен Дермироски Бено, како и припадници на Египќаните од дијаспората.