Во Охрид, во Полициска станица на Граничната полиција при Регионален центар Запад во петокот попладнето обиен е магацин и извршена е кражба на околу 50-ина разни бомби и друга запленета опрема, неофицијално дознава Нетпрес од полициски извори.
Интересно е што според истите извори, во првичните изјави никој ниту видел, ниту слушнал нешто сомнително, иако сѐ се одвивало непосредно до полициската станица.
Изворите на Нетпрес наведуваат дека целото Министерство за внатрешни работи е „кренато на нозе“.
Во сабота сабајлето, според најавите, ќе се врши увид и ќе се утврдува што точно е изнесено од полицискиот магацин.
Извори од охрдиската полиција велат деја ека воопшто не се вршело обезбедување на магацините, и дека тоа било со аминување на Министерството за внатрешни работи.