Нуклеарната централа во Чернобил повторно остана без струја откако руските сили по вторпат го оштетија високонапонскиот далновод на електраната, соопшти украинската национална енергетска компанија Укренерго.
Оштетувањето настанало кратко откако тимот на Укренерго го вратил снабдувањето со електрична енергија во објектот.
Во соопштението на компанијата се наведува дека руските сили повторно го оштетиле далноводот, кој го снабдува и градот Славутич.
Електраната во Чернобил, местото на една од најтешките нуклеарни катастрофи во светот, беше целосно исклучена од мрежата минатата недела, а електраната остана без струја откако за прв пат беше исклучен далноводот.
извор/фото: Радио Слободна Европа