АктуелноОхрид

Вонредни активности за одржување на јавната чистота на повеќе локации во Охрид

Екипите на ЈП Охридски Комуналец со вонредни активности за одржување на јавната чистота: Генерално чистење на ул.„Железничка„ и ул.„15-ти Корпус„

Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите, граничниците од коловозите и делот помеѓу двете сообраќајни ленти. Отстранети се наносите од песок и земја, ниската вегетација и подигнат е расфрланиот отпад.