АктуелноОхрид

Аврамовска дели управни одбори со ВМРО ДПМНЕ, а потоа ги критикува на ФБ

Советничката од Левица, Вилета Аврамоска во советот ја поддржува ВМРО ДПМНЕ и е дел од мнозинството, а приватно многу често  критикува изјави на опозицијата, последната критика и беше насочена кон подпретседателот на ВМРОДПМНЕ, Александар Николоски.

Аврамоска преку својот ФБ профил прашува:

„Само едно не ми е јасно: Како вие од ДПМНЕ очекувате владата да си замине?

А потоа додава: Не заминува сама. Владата треба да падне. Вие сте машинерија која можете да го извадите народот на улица . Можевте и кога се менуваше името и кога Заев го воскресна бугарскиот врховизам , ама молчевте. Зошто господине Александар Николоски?
Зошто прво го бојкотиравте фингираниот попис, кој наместо статистичка операција , стана политички попис, а потоа замолчевте и го прифативте. Не чекајте владата да си оди. Преземете нешто како најголема опозициска партија , не со изјави , туку на дело“, пишува Аврамоска.

Останува да видиме дали Аврамоска ќе се побуни и кога се во прашање управни одбори и паушали?