недела, ноември 17, 2024
News1.mk

Нови цени на горивата од полноќ, се очекува цената на бензините се намалува за 6,5 – дизелот за 9 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одржува седница на која треба да бидат вкалкулирани новите изменети акцизи и стапки на ДДВ и да биде донесена одлука за намалување на цените на горивата. Новите цени, како што информираа од РКЕ, ќе важат од вечер на полноќ.

Претседателот на РКЕ Марко Билсимовски за сдк.мк, изјави дека согласно усвоените измени на законите за ДДВ и акцизи, цената на бензините ќе се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите.