АктуелноОхрид

Кривична пријава за сопружници од Дебар што си го принудувале детето да питачи во Струга

На 11.03.2022 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 25 и 29 сопружници од Дебар, за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г став 2 од Кривичен законик на Р.С.Македонија.

Според пријавеното, малолетното дето било изложено на питачење и физичко насилство. Во текот на денот пријавените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.