News1.mk

Одобрено обвинението за сообраќајната несреќа кај „Ситимол“

Основниот Кривичен суд – Скопје, во целост го одобрил обвинителниот акт за сообраќајната несреќа која се случи во близина на трговскиот центар Сити Мол во Скопје, на 20 јануари годинава.

Ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост, велат од Кривичен суд.

(2) Ако поради делото од членовите 297 ставови 1 и 2,298 став 1 и 299 ставови 1 и 2 настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Додаваат дека согласно АКМИС – системот предметот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа од Судот информираат дека истиот ќе биде објавен на веб страната на судот во делот „Календар на судења“.