News1.mk

Украинска Правда: Украинскиот преговарач убиен во Киев, осомничен дека издавал тајни информации на Русија

Украинска Правда денеска објави дека Денис Киреев, еден од украинските преговарачи вклучени во преговорите со Русија, е убиен во Киев.

Според весникот, кој се повикува на високорангирани политички функционери, Киреев бил убиен додека украинските безбедносни сили се обидувале да го уапсат под сомнение за предавство.

Извори на Правда наведуваат дека има „силни докази“ дека и дал тајни информации на Русија. Според изворите на Правда, Службата за безбедност на Украина имала цврсти докази за предавството на Киреев, вклучително и снимки од телефонски разговори.