На 04.03.2022 година од 14 до 20 часот, на подрачјето на СВР Охрид, преземени се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници, затекнале 64 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-20 возачи, 08 надвор од населено место, 12 во населено место), Струга- 20 возачи, 02 надвор од населено место, 18 во населено место), Кичево, 08 во населено место, Дебар-16 возачи, (06-во населено место, 10- надвор од населено место. По основ на сторените прекршоци, поднесени се соодветни платни налози.