понеделник, ноември 25, 2024
News1.mk

Францускиот претседател Емануел Макрон ја започна својата кампања за реизбор

Претседателот Емануел Макрон ја започна својата кампања за реизбор со објава на видеопорака во која ги наведува своите достигнувања како шеф на државата, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Резултатите се тука и покрај пандемијата и геополитичката криза“, наведува Макрон.

„Се обидов да го направам максимумот… понекогаш не успевав во одењето до крај поради кризите… но во работите што ги реализирав вложив многу енергија, резултатите се таму и покрај пандемијата и покрај геополитичкиот контекст“, рече Макрон во четириминутното видео објавено на социјалните мрежи.

Тој побара нов мандат преку изјавата: „Имам амбиции за земјата. Сè уште сакам да бидам во можност да ги реализирам работите заедно со вас.“

Претставувајќи го неговиот работен ден во Кабинетот во Елисејската палата, Макрон рече дека жали што не можел да ја претстави својата кандидатура порано, наведувајќи ги како причина пандемијата на коронавирусот и руската војна во Украина.

извор: Агенција Анадолија (АА).