Денеска се одбележува 150-годишнината од раѓањето на визионерот и револуционерот Гоце Делчев. Предвидени се повеќе чествувања. Претпладне претседателот Стево Пендаровски и владина делегација ќе положат цвеќиња на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Подоцна, владина делегација ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје, а во 11:00 часот на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија во Скопје.
Во Музејот на македонската борба, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува на свеченото отворање на изложбата по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, организирана од Државниот архив и под покровителство на Претседателот на Македонија. Во рамките на овие одбележувања, во 13:00 часот, на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас делегација на Владата составена од министерката за култура Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки ќе положи венец заедно со делегации од Бугарија.
извор/фото: Сободна Европа