АктуелноОхрид

ЈП “Нискоградба” на ул. Будва поставува фекална канализација, а активно работи и на “Македонски Просветители”

Директорот на ЈП “Нискоградба” Охрид, Александар Трпеноски, денеска изврши увид на градежните активности на улиците “Будва” и “Македонски Просветители”. На “Будва” се поставува фекална канализација, додека на “Македонски Просветители” екипи на претпријатието се ангажирани на повеќе работни задачи.