News1.mk

Франција ги менува правилата, а тоа ќе го спречи Новак да игра на Ролан Гарос

Пред само неколку дена, поточно шест, Франција ги промени правилата поврзани со нејзиниот зелен сертификат, па според тогашната нова регулатива, на Ролан Гарос можеше да им се дозволи настап на невакцинирани лица, но само доколку биле заразени со корона вирусот во претходните шест месеци.

Тоа би значело дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ би можел да игра на Ролан Гарос. А тоа беше актуелно до вчера вечерта, кога престижниот „Л екип“ повторно го шокираше светот со нова информација насловена: „Промената на правилата за вакцинација во Франција може да го спречи учеството на Ѓоковиќ на Ролан Гарос“.

Во текстот се наведува дека, според прописите кои важат во земјата, Ѓоковиќ има валидна пропусница за влез во Франција, која важи до 16 јуни (Ролан Гарос завршува на 5 јуни). Датумот 16 јуни е одреден како последен ден од шест месеци откако Новак беше заразен со Ковид на 16 декември, објави „Телеграф“.

Сепак, на 15 февруари во Франција ќе стапи на сила новата одлука, според која пропусницата на Новак без вакцинација ќе важи само до 16 април (скратена за два месеци), што значи дека Ѓоковиќ нема да може да настапи во Париз во јуни без вакцина. Евентуално ако повторно не се зарази.

Мора да се признае, L’Equipe изјави дека ова ново правило, кое ќе стапи на сила на 15 февруари, може да биде суспендирано подоцна на пролет, но остануваат на тоа дека според новите прописи, најдобриот во светот нема да може да игра на Ролан Гарос и да се бори за нов гренслем.

Да потсетиме, турнирот во Франција започнува на 22 мај, а завршува на 5 јуни. Новак доби позитивен тест за корона на 16 декември, а Србија има договор со Франција, но и со сите земји од Европската унија, за меѓусебно признавање на сертификатите, така што најдобриот во светот нема да се грижи дали ќе остане во таа земја до 16 јуни.

Извор: Блиц.рс