Поранешниот премиер и екс- лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се огласи на Фејсбук по повод посетата на земјава на актуелниот премиер на Република Бугарија, Кирил Петков.
„Како тоа новиот премиер на Бугарија Кирил Петков тврди нема македонско малцинство во Бугарија? Каде отидоа овие луѓе и нивните наследници од овој краток 30 минутен документарен филм снимен пред само 30тина години? Од кого беше тужена и петнаесетина пати загуби на суд Република Бугарија во судот во Стразбург од каде и беше наложено да ја регистрира ОМО Илинден? Пописите од педесетите години на 20 век, кој ги правеше во Бугарија, на кои беа декларирани 180 илјади Македонци кои живеат во Бугарија? Училишта на македонски јазик во Бугарија немаше ли во тоа време“, прашува Груевски на Фејсбук.
Тој се осврна и на барањето на источниот сосед, во македонскиот Устав да биде вметнато и бугарското малцинство.
„Како тоа Бугарија има право да бара да се менува уставот на Македонија за да се вметнат македонските граѓани со бугарска самосвест во истиот, а темата за Македонците во Бугарија не требало ни да се дискутира? Тоа ли е големината на посилниот како што кажува во неговото интервју? Не прилично е премиер со такво образование во очи доаѓање кај соседот јавно да кажува невистини и со тоа да ги навредува Македонците во Македонија и во Бугарија кои се негови граѓани. Каква е таа стратегија за решавање на проблемите која се заснова на невистини“, додава Груевски.
извор/фото: генции