News1.mk

(ВИДЕО) Oбјавени имињата на новите министри од СДСМ, Ковачевски вели ова се докажани луѓе

Прес-конференција на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, по завршувањето на седницата на Централниот одбор на партијата.

Никола Тупанчевски е нов министер за правда , рече мандатарот за состав на новата влада и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Славица Грковска ќе биде вицепремиерза борба против корупција. Љупчо Николовски ќе биде министер за земјоделство. Славјанка Петровска е министерка во одбрана. За култура е Бисера Костадиновска-Стојчевска .

На чело на министерството за труд и социјална политика. доаѓа Јована Тренчевска. Бојан Маричиќ ќе биде вицепремиер за евроинтеграции , а Оливер Спасовски останува за прв човек во МВР, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

На прашање за приоритетите на новата влада, меѓу кои се и справување со енергетската криза, Ковачевски рече дека ќе бидат преземени низа мерки за енергетска стабилност. За очекувањата од средбата со бугарскиот премиер, тој рече дека е добро што ќе се разговара за инфраструктирата , економијата , односно за иднината , а не за историјата.