33 годишник од Куманово на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка со патничко возило „фолксваген пасат“ удрил во жена која подоцна починала.
На 08.01.2022 во 18,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на населбата Карпош патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(33) од Куманово удрило во Р.П.(64) од с.Луке-Крива Паланка. По несреќата Р.П. била пренесена во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош каде околу 19,20 часот од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.